
Почнувајќи од 2008 година Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје, во соработка со своите партнери Прогрес Институтот и Олоф Палме меѓународниот центар ја организираат Политичката академија за социјална демократија.Политичката академија е образовен проект кој е дизајниран како академски курс и тренинг. Основната цел на Академијата е да образува и тренира индивидуи со социјалдемократска ориентација, кои во своите секојдневни активности ќе ги обликуваат политичките одлуки и акции во Македонија.